Лудница во Русија: Победата против Саудиска Арабија  ја славеше и – мечка! (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Русите, вчера во првиот натпревар на Светското првенство во Русија, ја победија Саудиска Арабија со 5-0 и на најдобар можен начин го отворија Мундијалот.

По победата се славеше на улиците во Москва, а на прославата можеше да се забележи и мечка, која на задното седиште на еден автомобил седи со вувузела, инструмент кој стана хит на Мундијалот во Јужна Африка во 2010. година.

Мечката веднаш го привлече вниманието на голем број навивачи, кои одлучија да ја фотографираат мечката.