Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку веќе некое време не е стандарден во екипата, а последниот погодок го постигна во септември.
Белгискиот напаѓач не беше во стартниот тим против Јанг Бојс, а беше резерва во дуелите со Евертон и Манчестер сити.
„Разговарав со Мурињо и му кажав дека се чувствувам уморно и затоа останав на клупата. Ми кажа деке не изгледам среќно и дека сум бесен, а тоа е вистина“, кажа Лукаку.
Сепак, свесен е дека тој е еден од омилените фудбалери на Мурињо во Јунајтед.
„Тоа е затоа што за него би поминал со глава низ ѕид“, објасни Белгиецот.