Магијата не престанува: Неверојатна статистика на Расел Вестбрук


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Од натпревар во натпревар, Расел Вестбрук ја изненадува кошаркарската јавност.

Трипл-дабл машината не престанува да ги полудува ривалите, а така беше и во ноќта од сабота кон недела кога против Бостон постигна 45 поени и притоа постигна и 11 скокови и 11 асистенции.

Оклахома стигна до 7-та победа на гости, а вкупно 18-та оваа сезона.

Скоро неверојатно звучи дека веќе стигна до бројката од 14 трипл-дабл и дека моментално има просек од 31.8 поени, 10.8 асистенции и 10.5 скокови по натпревар.

Најдобрио играч на Оклахома е на вистински пат да го сруши личниот рекорд по број на трипл-дабл во една сезона(18), колку што има и легендарниот Меџик Џонсон, но и по прв пат во кариерата да добие МВП награда.

Иако делува неверојатно оваа сезона, Вестрбук е далеку од Оскар Робертсон и Вилт Чемберлејн.

Робертсон во сезоната 1961/62 постигна 41 трипл-дабл, а Вилт во сезоната 1967/68 постигна 31 пат дабл-дабл постигнување.

Бекот на Оклахома веќе влезе во големото друштво, а дали ќе успеа да стигне до уште некој рекорд, останува да видиме.