Мадрид во неверување: Судијата за реванш мечот против Јувентус ќе го одбере човек од Торино…?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус го очекува пеколно тешка задача во продолжението од натпреварувањето во Лигата на шампионите.

По поразот од Атлетико Мадрид во првиот меч од 2:0, судбината на Макс Алегри практично ќе зависи од реваншот во Торино.

Вистинското прашање е како да се дадат два погодоци на едкипата која се брани на маестрален начин и тука „Старата дама“ ќе мора да одлучи ако сака понатаму.

Во меѓувреме, шпанските медиуми ја „крчкаат“ информацијата дека УЕФА го одредила Роберто Росети да го делегира судискиот тим за мечот помеѓу Јувентус и Атлетико.

Росети е роден во Торино што на многумина им ја „запали ламбата“ за внимание дека тука би можел да се создаде судир на интереси.

Италијанците тврдат дека тој е деклариран „Јувентино“, па неговата одлука секако ќе биде под посебна лупа на фудбалската јавност.