Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палермо стави цена на македонскиот напаѓач кој многу го гледаат како наследник на Амаури, Кавани и Дибала.
Некогаш Амаури, Едисон Кавани и Пауло Дибала, денес Илија Несторовски.
Така италијанските критичари го гледаат откритието на сезоната во Серија А и Палермо. Македонскиот репрезентативец кој беше доведен во летото во Палермо од Интер Запрешиќ за 500 илјади евра. После една полусезона Несторовски го привлече вниманието, а се најде и во тефтерите на скаутите на два шпански клуба, Атлетико Мадрид и Севиља.
Според Естадио Депортиво, Севиља ги испратила скаутите на натпреварот на Палермо, а истото го направил и Атлетико, а назад се вратиле со позитивни впечатоци.
Меѓутоа првиот човек на Палермо, Маурусио Зампарини не гледа дека Несторовски ќе замине ако некој претходно не му ја исплати сумата помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Несторовски му влезе под кожа на италијанските критичари кои секоја недела пишуваат игрите на 26-годишниот македонец.
Оваа сезона Несторовски ја затресе мрежата девет пати на дваесет и три натпревари во Серија А и запиша три асистенции.