Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одбиени апсолутно сите понуди за хрватот, а работата околу аргентинецот практично завршена.
Јувентус повторно одби да преговара околу Марио Манџукиќ, а заинтересирани клубови има многу, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд се само дел од клубовите, а има и турски клубови кои нудат доста пари.
Но Хрватот не е на продажба ,, ниту за 200 милиони”.
Имено, Штефан Ефенберг пред неколку дена рече дека подобро би имал еден Манџукиќ отколку десет како Нејмар во тимот, алудирајќи на пожртвуваноста на Хрватот и способноста да игра на повеќе позиции во тимот.
Поради тоа Алегри смета дека хрватот нема цена, дека е компатибилен со Роналдо и настојуваше Манџукиќ да остане.
Јуве најверојатно веќе во среда ќе го продаде Игуаин, иако се појави и Милан, сепак ,,Пипита” односно неговиот брат ја заврши работата со Челзи.
Спрема тврдењето на новинарката Џулија Сторнати, работата е на крај, Челзи гарантира дека Игуаин ќе ја зема платат која ја имал во Јувентус, 7.5 милиони евра по сезона плус бонус, а Јувентус ќе земе 60 милиони евра.
Игуаин би требало да потпише договор на три години и повторно, после две сезони да работи со својот омилен тренер Сари.