Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот тенисер Енди Мареј ќе го одигра својот прв натпревар наредната недела на турнирот во Вашингтон, по повлекувањето од Вимблдон, а ривал ќе му биде Американецот Мекензи Мекдоналд.
Мареј требаше да игра на Вимблдон, но се повлече пред самиот почеток на најголемиот турнир во светот, откако кажа дека е уште рано да игра натпревари на три освоени сетови.
Доколку биде успешен на стартот на турнирот во Америка, Мареј ќе игра со својот сонародник Кајл Едмунд.
Мареј во јануари имаше операција на колкот, по што не играше од минатогодишниот Вимблдон, а на теренот се врати кога почна сезоната на трева и одигра само три натпревари на турнирите во Истборн.