Мареј се подготвува: Тој започна со тренинзи

Првиот тенисер во светот, Енди Мареј ги започна подготовките за новата сезона, која ќе ја дочека на првото место на АТП листата.

„Првиот ден на тренинг по 2 и пол недели пауза, 27 степени во 9 наутро.. Нека започне работата.“

Целта на Мареј во 2017-та година ќе биде освојување на Австралијан Опен, турнир на кој 2 пати по ред, односно 5 пати беше вице-шампион.