Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пишува дека наводно има докази дека Тјери Азар, таткото на ѕвездата на Челси, сам почнал преговори со Реал Мадрид.
Наводно, таткото им ветил дека играчот ќе одбие да потпише договор со Челси, па со тоа ќе покаже дека сака да замине од Лондон.
Играчот на Челси се очекува да го демантира ова, но и понатаму може да се забележи дека испраќа нејасни пораки и кажа дека мора да види кои се амбициите на „сините“ во новата сезона, па тогаш да одлучи за својата иднина.
Планот за преселба на Азар во Мадрид го уништи Зинедин Зидан, кој замина од клубот, па сега „кралевите“ не покажуваат голем интерес, но летниот преоден рок е активен, па ниту една можност не се исклучува.