Марсеј лесно со Билбао, Спортинг без Ристовски по продолженија се пласира во следната фаза

Атлетик Билбао не беше достоен противник во двата натпревари против тимот на Марсеј. Откако во Франција беа поразени со 3:1, Баскијците денес изгубија и на домашен терен со 2:1 и се простија од понатамошно натпреварување во Лигата на Европа.

Четвртфинале за Марсеј донесоа Пајет и Окампос кои ја затресоа мрежата на Билбао, додека за домашниот тим единствено погоди Адуриз.

Спортинг лисабон беше поразен со 2:1 на гостувањето во Чешка кај Виторија Плзен но поради голот постигнат во гости се пласираа во следната фаза. Домашниот тим го доби натпреварот со 2:0, па истиот замина во продолженија каде Спортинг постигна гол вреден пласман во следната фаза.

Лацио на гостувањето во Украина славеше против Динамо Киев со 2:0, додека пак Лајпциг и Зенит одиграа 1:1, а поради подобриот скор во првиот натпревар Лајпциг оди во следната фаза.