Мартинез го продолжи договорот со Белгија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот стратег Роберто Мартинез ја продолжи соработката со репрезентацијата на Белгија. Мартинез ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“ и дополнителни две години.

Мартинез седна на клупата на Белгија во 2016 година и одлично ги води репрезентативците на оваа селекција.

Челниците на фудбалскиот сојуз на Белгија се задоволни со неговиот учинок, па на еден месец пред Светското првенство одлучија да му го продолжат договорот.

Роберто Мартинез пред да седне на клупата на Белгија ги предовдеше тимовите на Виган, Свонси и Евертон.