Мбапе збесна по триумфот над Јунајтед: Престанете веќе со Нејмар и Кавани, ете можеме и без нив!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе побара да престанат постојаните приказни за повредите на ѕвездите на тимот, Нејмар и Едисон Кавани.

ПСЖ синоќа на „Олд Трафорд“ славеше против Манчестер Јунајтед, со погодоците на Мбапе и Кимпембе, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во Парискиот тим ги немаше повредените Нејмар и Кавани.

„Мораме да престанеме со страшните приказни. Лушето мораат да престанат да се плашат. Тоа го покажавме на „Олд Трафорд“. Добри сме“, истакна Мбапе, пренесоа британските медиуми.

Нејмар ќе отсуствува најммалку до април поради повредата, а некои француски медиуми пренесоа дека за него можеби сезоната е завршена. Кавани изминатиот викенд исто така се повреди, но би можел да биде подготвен за реванш мечот на 6. март во Париз.

Мбапе е најдобар стрелец на оваа екипа оваа сезона со 23 погодоци во сите натпреварувања. Тој синоќа го постигна 14. погодок во Лигата на шампионите со што се изедначи со легендарниот Зинедин Зидан.

„Секако дека Нејмар и Кавани се многу важни за нашиот тим, но фудбалот се игра на теренот, а тоа и го покажавме. Францускиот фудбал мора да оди што е можно подалеку во Лигата на шампионите. Луѓето мораат да не поддржат, ние ќе навивачите за Лион следната недела против Барселона“, наведе тој.

Францускиот репрезентативец додаде дека сите во екипата се задоволни со резултатот на „Олд Трафорд“.

„Но, дури е полувреме и мораме да се подготвиме, бидејќи мислам дека во последните 20 минути физички попуштија“, истакна Мбапе.