Мело останува во Њујорк!

Иако беше во центар на внимание овие денови поради голем број на шпекулации дека може да го напушти Њујорк, сепак Ентони ќе остане во тимот.

Имаше многу интерес за него, а меѓу нив се одвои Кливленд, но ако може да му се верува на Адријан Војнаровски, нема да биде ништо од трејд. Барем до крајот на сезоната.

Ентони е еден од малиот број на играчи кои имаат клаузула со која може да не прифатат трејд и засега нема намера да го напушта тимот.

Од друга страна, Њујорк се обидува да добие што може повеќе за возврат за него.