Металург доби група по мерка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометниот клуб Металург ги доби своите противници во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Тимот од Автокоманда се најде во групата Д заедно со тимовите на Мотор Запорожје, Монпелје, Бешикташ, Чеховски Медведи како и еден квалификант.

Групата Ц е нешто потешка и во неа ќе бидат екипите на Адемар Леон, Скјерн, Горење, Шафхаузен, Динамо Букурешт и Елверум.

Во групата на Металург дефинитивно најголем фаворит е тимот на Монпелје. Во следната фаза место ќе обезбедат најдобрите две екипи од двете групи кои меѓусебно ќе вкрстат во осминафиналето.