Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во крајно неизвесен резултатски меч, Металург загуби од Бешикташ во рамки на осмото коло од елитната ракометна Лига на шампиони со 23:22.
На гостувањето, македонскиот вицепрвак, одигра рамноправен меч, но сепак не беше доволно на крај за позитивен исход за тимот од Автокоманда.
Неизвесно и со постојани резултатски пресврти течеше целиот меч во Истанбул, иако само на кратко во еден момент домаќините имаа три погодоци предност, па сепак на пауза се замина со реми резултат од 12:12.
Металург во вториот дел беше одличен во одбраната, но се чини дека реализацијата и некреативноста во нападот беа клучот за крајниот епилог.
Победничкиот погодок беше дело на македонскиот натурализиран репрезентативец, Немања Прибак кој беше прецизен за конечни 23:22.
Во редовите на Металурзите најпрецизни беа Анте Тоќиќ и Марко Танкоски со постигнати пет погодоци, додека кај противникот се издвои Рамазан Доне со постигнати девет погодоци.
За потсртување, македонскиот вицешампион во групата Ц во Лигата на шампионите се наоѓа на последната позиција со само една остварена победа.