Милан го договори првото засилување за наредната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Милан се надеваат дека со доаѓањето на кинеските инвеститори овој клуб конечно ќе се врати во самиот врв на европскиот фудбал.

Кинеските инвеститори во наредните неколку недели и официјално треба да го преземат Милан, а засилувања за наредната недела веќе на големо се бараат.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Росонерите веќе го договорија првото засилување за лето.

Имено, според пишувањата на Фудбал Италија Милан го договори трансферот на Матео Мусачио кој моментално успешно настапува во дресот на Виљареал.

Наводно, двете страни брзо се договорија и Росонерите за овој 27-годишен аргентински фудбалер ќе платат 25 милиони евра.

Мусачио игра на позиција стопер што значи дека Милан конечно со Алесио Ромањоли конечно ќе добие квалитетен стоперски тандем.

Моментално на таа позиција стандарден е Габриел Палета, но тој речиси сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти Сан Сиро.