Милан се залета – блиску и десен бек од 20 милиони евра, преговори во тек


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конкуренција се Баерн, Челси, Интер и Атлетико.

Милан работи со полна пареа, новата управа се разлета во потрага за засилувања. Три потписи се обезбедени според најавите на Апенините и информациите од италијанските медиуми.

Милан ги договори аргентинскиот стопер Матео Мусачо од Виљареал, играчот за врска Френк Кеси од Аталанта и левиот бек Рикардо Родригез од Волфсбург.

Но тоа не е се…Росонерите бараат и десен бек.

И водат во трката за потпис на Андре Конти кој во овој момент е еден од најбараните играчи на својата позиција во Европа.

Момчето експлодираше во Аталанта во оваа сезона.

Аталанта веќе продаде бисери од плејадата млади играчи кој го лансираше во оваа сезона.

Гаљардини во Интер, Јуве го капираше Калдара, Кеси ќе оди во Милан и останува уште да се продаде Конти.

Одличниот десен бек во оваа сезона постигна дури осум голови, а Милан не е единствен заинтересиран.

Го сакаат Баерн, Атлетико, Челси и Интер.

Но Милан е моментално најблиску до негово доведување. Следат тешки преговори со Аталанта.

Со продажбата на горе споменатите, Аталанта ја наполни клупската каса и сега има маневар да ги диктира условите во преговорите за Конти.

Клубот од Бергамо бара 20 милиони евра за оштета, Росонерите нудат 17 милиони евра.

Порано понудата на Атлетико од 13 милиони е одбиена…. На Чизмата владее оптимизам дека Аталанта и Милан ќе постигнат договор.

Двата клуба се во добри односи, веќе постигнаа договор околу Бонавентура и брзо се договорија околу Кеси.

Конти би бил решение за позиција десен бек на која Милан има проблем во текот на сезоната.

Абате и Калабрија се менуваа, но двајцата имаа проблеми со повредите.

Можно е Абате да го напушти клубот и да го замени Конти кој со младиот Калабрија би бил алтернатива и би ја делеле минутажата.

Тоа значи дека Росонерите со целосна нова одбрана влегуваат во следната сезона бидејќи во последната линија од оваа сезона, во стартните 11 „преживеа“ само стоперот Ромањоли…