Милан шокиран од Сампдорија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во првиот денешен натпревар во рамките од шестото коло од Серија А, Сампдорија на свој терен заслужено го совлада Милан со 2:0.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Дуван Запата и Рики Алварез. Најпрво Колумбиецот Запата ја искористи грешката на домашната одбрана предводена од Бонучи и Запата и без поголем проблем го совлада Џиџи Донарума во 72. минута од натпреварот.

 

Точка на натпреварот стави некогашниот играч на Интер, Рики Алварез во 91. минута кога со убав удар го совлада младиот голман на Милан.