Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Интересна анкета направи „Мирор“ со цел да дознае кој е најомразениот клуб во Премиерлигата.
Неколку илјади посетители гласаа на страната на англискиот медиум и на крајот „победник“ беше Челси.
Во просек 68,7 навивачи при гласањето кажале дека го мразат Челси, а ништо подобро не поминал ниту Манчестер јунајтед. На трето место е Ливерпул, а по нив следуваат Вест Хем и Арсенал.
Најмалку омразени тимови се Хадерсфилд, Бурнмут, Барнли, Фулам, Брајтон, но тоа не треба да чуди бидејќи најголем број гласачи се всушност навивачи на Јунајтед, Челси, Ливерпул или Арсенал.
Се смета дека Челси е најомразениот клуб поради рускиот сопственик Роман Абрамович, а Јунајтед најверојатно поради Жозе Мурињо.