„Мислам дека наредната сезона ќе биде полесна!“

Мурињо очекува наредната сезона да биде полесна за него во овој клуб.

Мурињо засега не блескаше оваа сезона затоа што Јунајтед се наоѓа на 5-то место во ПЛ, но позитивна работа за нив е тоа што се во борба за титулата во ЛЕ.

Доколку го освојат тоа натпреварување, ќе играат во ЛШ, а Мурињо смета дека наредната сезона ќе биде многу полесна.

„Во втората сезона ќе знаеме каде сме грешеле. Сега знам зошто некои фудбалери играат, а некои не. Во клубот сум веќе 9 месеци и тоа е долг период. Втората сезона е многу полесна од тренерска гледна точка.“

Да потсетиме, Јунајтед во ПЛ игра уштре против ВБА.