Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес беа одиграни 4 натпревари од 12-то коло во првата македонска фудбалска лига.
Како што вели и насловот, многу сиромашен фудбал беше одигран во ова коло во ПМФЛ. Головите можат да се избројат на една рака, а ги имаше вкупно 4.
На дуелот во Тетово помеѓу Ренова и Работнички беа постигнати 2 гола и тоа беше најефикасниот натпревар. Резултатот заврши 1:1, Селмани ја донесе Ренова во водство во 21-та минута, а 15-на минути подоцна Елмас го постави конечниот резултат.
Во Скопје немаше многу интересни шанси, а натпреварот помеѓу Шкупи и Шкендија заврши со најнепопуларниот резултат, односно 0:0.
Во Кратово Силекс беше поуспешен од Брегалница со 1:0, благодарение на голот на Недељковиќ во 48-та минута додека во Битола, Пелистер успеа да победи против Македонија ЃП исто така со 1:0, со голот на Бујчевски во 41-та минута.
Во 17:30 се игра натпреварот помеѓу Вардар и Победа.
Моментално табелата изгледа вака:
1.Вардар(-1) 25
2. Шкендија 21
3. Работнички 20
4. Пелистер 19
5. Ренова 16
6. Шкупи 14
7. Силекс 14
8. Победа(-1) 10
9. Македонија ЃП 9
10. Брегалница 8