Мурињо го исклучи од тимот, а тој се огласи на Твитер


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Црвените Ѓаволи имаат два порази по ред, последниот од Тотенхем и претходно од Брајтон. Еден од најлошите играчи на Јунајтед во поразот од Брајтон беше Ерик Бејли, па португалецот одлучи да го казни за тоа.

Имено, Мурињо го исклучи Бејли од почетниот состав против Тотенхем, но ниту тоа не му помогна да го избегне поразот. Иако многумина шпекулираа дека дошло до расправија помеѓу Бејли и Мурињо, играчот на Јунајтед денес се огласи на Твитер и прати јасна порака.

Од неговата порака може да се заклучи дека се е во ред помеѓу него и Мурињо. Неговата порака беше, „Сега сме заедно како никогаш досега“.