Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мурињо го обвини Клоп и неговата тактика за досадниот натпревар против Јунајтед.
Натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул беше многу затворен, се играше само на средината на теренот.
По натпреварот двајцата тренери дадоа оцени на натпреварот, а Мурињо го обвини Ливерпул затоа што не играл напаѓачки.
„Ние ја затворивме нивната игра, но тие исто така многу добро одиграа во дефанзива. Играа со причина со Чан и Хендерсон на средината, обично играат со повеќе играчи во нападот.“
„Беа многу внимателни. Чан и Хендерсон остануваа на своите позиции, имаа само еден играч зад тројцата офанзивни.“
„Чан и Хендерсон беа на местата каде Погба сака да ја контролира топката, мислев дека на тоа место ќе играат со еден играч.“
Вчера поседот на топка на Јунајтед од 35% е најнизок откако се следи статистиката во ПЛ во клупската историја.
„Морате да го критикувате Ливерпул поради фактот дека тие имаа само 2 удари во рамки на голот со тие 65% на посед.“