Мурињо и Гвардиола едногласни околу една работа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола се жестоки ривали на теренот, а понекогаш и вон него.

Но, по третото коло од англискиот Лига куп, од оваа сезона познат како Карабао Куп се сложија дека се работи за натпреварување без кое се може.

„Ако се работи за официјално натпреварување тогаш е важно за Манчестер Јунајтед и мене како менаџер. Ме прашувате дали англискиот фудбал би преживеал или би бил подобар без ова натпреварување? Можеби. Можеби, на пример, би биле посвежи за европските натпреварувања. Но натпреварувањето е тука, мора да ги почитуваме спонзорите и противниците, даваме се од себе“- коментираше Мурињо.

Со Португалецот се сложи и Пеп Гвардиола. На прес конференцијата пред натпреварот со Кристал Палас новинарите побараа коментар од Гвардиола за изјавата на Мурињо.

„Играте 90 минути против тврд противник предводен од Тони Пјулис, а потоа ги минувате следните три или четири часа во автобус. Потоа три дена подоцна играте против Кристал Палас, па три дена подоцна против Шахтјор, а по четири дена одите на „Стемфорд Бриџ“. Се работи за огромна загуба на енергија. Но го знаевме тоа, така што нема да кукаме. Ако мора да играме, ќе играме.

Наградата е добра кога ќе го освоиш трофејот, но луѓето не те ценат посебно после тоа. Натпреварувањето не носи влез во ЛШ. Добро е да се освои трофејот, но тимот троши многу енергија“- коментираше Пеп.

Иако и двајцата менаџери јасно не кажаа дека би сакале Лига купот да се укине, јасно е дека повеќе би сакале истиот да не постои. Распоредот во англискиот фудбал е доволно густ и без Лига купот, поради што веќе некои тренери веќе се жалеа.