Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо беше нерасположен после неочекуваното реми на неговиот тим против Хал на Олд Трафорд – 0:0.
„Црвените ѓаволи“ не искористија безброј шанси, блескаше на голот на гостите Елдин Јакуповиќ, а во финишот имаа и многу среќа, бидејќи Лазар Марковиќ погоди статива.
Португалецот после мечот одговарајќи на прашањето на новинар ги загуби нервите:
„Ако не знаеш фудбал, не би требало да имаш микрофон“, порача Мурињо и се упати кон соблекувалната.
Јунајтед после 23 ола има 14 бода помалку од лидерот на табелата Челси.