Мурињо подготвува понуда за Вилиан

Жозе Мурињо подготвува понуда за фудбалерот на Челси, Вилиан кој во 2013 година беше донесен на „Стемфорд Бриџ“ токму од страна на Мурињо.

Бразилецот во моментов е најдобар фудбалер на „сините“, а Мурињо смета дека тој би бил идеално решение за офанзивната линија на тимот.

Медиумите во Англија пишуваат дека Португалецот има комплетна поддршка од Ед Вудвард и дека ќе остане на клупата на „ѓаволите“ и следната сезона.