Наваро влезе во историјата на Евролигата!(ВИДЕО)

Хуан Карлос Наваро стана првиоткошаркар со најмалку 4000 поени во Евролига.

До овој голем рекорд тој стигна на дуелот против Фенербахче во Истанбул, во рамки на 30-то коло на натпреварувањето.

Фенербахче победи по продолженија со 68:65, а искусниот Шпанец го заврши натпреварот со 4 поени.

Не треба да се заборави дека Наваро е најдобар на вечната листа на најдобри играчи кои постигнуваат тројки во Евролигата, како и играч со најмногу настапи во Евролигата, поточно 319.