Наваро го пропушта завршниот турнир во Виторија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарот на Барселона, Карлос Наваро нема да игра на завршниот турнир на кралскиот куп.

Искусниот бек ќе мора да оди на операција на слепото црево, па го очекува кратка пауза, соопшти Барселона.

Барселона на стартот на турнирот игра против Уникаха.

Завршниот турнир се игра од 16-ти до 19-ти февруари во Виторија.

Во останатите натпревари играат:

Басконија – Тенерифе
Реал Мадрид – Андора
Валенсија – Хербалајф