Навивачите на Лестер може да здивнат

Од редовите на некогашниот англиски шампион, Лестер, отвориле преговори со Џејми Варди за нов договор.

31 годишниот напаѓач постигна 20 погодоци за Лестер минатата сезона и се споменуваше со трансфер во неколку клубови ова лето.

Сепак, Англичанецот кој во моментов е на должност со селекцијата на „Гордиот албион“ прифатил покачување на платата од 120.000 фунти неделно и ќе го продолжи договорот со тимот кој се натпреварува на „Кинг Пауер“ стадионот.