Навивачите на ПСЖ го „запалија“ Манчестер (Фото + Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најжестоките навивачи на ПСЖ со стил го најавија вечерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед во центарот на англискиот град.

Околу стотина ултраси беа забележани како пеат навивачки песни и палат факли во центарот на Манчестер веднаш до „Националниот фудбалски музеј“.

Љубопитните жители на Манчестер кои беа во околните кафетерии и продавници ги снимаа француските навивачи кои го „запалија“ градот.