Наинголан со изјава ги „боцна“ навивачите на Лацио

Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан беше стрелец во победата на својот тим над екипата на Лацио во римското дерби одиграно во недела.

Рома славеше со 2:0, а Наинголан во изјава по натпреварот изјави дека на неговиот тим Пескара (3:2) им бил потежок противник од градскиот ривал.

„Тие беа два дазлични натпревари, но гледајќи по создадените шанси и резултатот, Пескара ни беше потежок противник од Лацио“, изјави Наинголан.

Со оваа изјава Наинголан ги „боцна“ навивачите на Лацио, па сега на социјалните мрежи се чека нивниот одговор.