Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некои би го нарекле лицимерен, но тоа едноставно е Жозе Мурињо…
Жозе Мурињо по враќањето во Челси пред неколку години, одма ги отфрли тврдењата дека сезоната беше успешна, бидејќи со Бенитез е освоена Лига Европа.
„Тоа е смешно, тоа не е успех, тоа не е натпреварување во кое мојот клуб треба да игра. Не сакам тоа да го освојам, би било тоа големо разочарување, замислите да имам играчи кои сонуваат да ја освојат Лига Европа“, рече тогаш Мурињо.
Тој уште неколку пати во кариерата рече дека Лига Европа е натпреварување кое нема никакво значење за големите клубови.
А тогаш Јунајтед стигна до полуфиналето на ЛЕ, и работите се променија.
„Тоа е единствено натпреварување кое Јунајтед не го освои, одлично би било да ја заокружиме таа низа и да се приклучиме на клубовите на кои тоа успеа“, рече пред првиот меч кој Ѓаволите го добија во Виго.
Вчера отиде чекор понатака.
„Ова е најважен меч во историјата на Манчестер Јунајтед“, претера Мурињо.
Тој додаде дека освојувањето на трофеј е бонус за враќање во Лигата на шампионите, иако не почетокот на сезоната рече дека четвртото место е неуспех и дека тој како претходниците нема да се крие позади алиби да се врати во ЛШ.
Да потсетиме, тој сите карти ги фрли на освојување на ЛЕ, ги жртвуваше сите шанси да заврши во топ 4, бидејќи процени дека ова е наједноставен начин да стигне до Лигата на шампионите…
Но, и тоа е Мурињо…