Најталентираниот голман на светот – Еве како во проценти изгледа неговата иднина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Февруари е се поблиску, тогаш на сцена стапува Мино Раиола. Ова се проценките на италијанските медиуми.

Во февруари лигитимскиот наследник на Буфон, Домарума полни 18 години. Тогаш Милан ќе му понуди договор и ако тој се прифати, ќе остане меѓу Росонерите после летото.

Но, во невоља е Мино Раиола.

Имено, тој и понатака не верува во кинескиот проект на Милан, смета дека новите сопственици не се во состојба да направат сериозен тим кој ќе се бори за врвот на табелата.

Донарума нема да потпише ништо во февруари, неговиот менаџер ќе чека неколку месеци, можеби и до лето да ги види намерите на Кинезите.

Минимална сума е 5 милиони по сезона, тоа за останатите заинтересирани клубови не е проблем.

Донарума во овој момент има околу 40 % шанса да остане во Милан.

Се проценува дека 30 % има Јувентус, кој бара наследник за Буфон, тие ќе ја израмнат секоја понуда на Милан за младиот голман, а најголем адут им е Павел Недвед.

Се почести се приказните дека Чехот од лето ќе ја преземе функцијата претседател од Ањели и дека негово прво засилување може да биде токму пуленот на Раиола.

Нормално, познато е дека Раиола беше менаџер на Раиола, но и дека понатака води сметка за неговите деловни интереси.

Трета опција е Реал Мадрид. Тие би се ослободиле од Навас, но се чини дека повеќе размислуваат за искусниот голман Куртоа од Челси.

Секако дека Мадриѓаните се во игра и дека можат да си го дозволат Донарума, но многу веројатно е да остане во Италија.

И на крајот Манчестер Јунајтед 10 %, тие го имаат Де Геа, јасно, интересите на Раиола во клубот се многу големи тука се Погба, Михтаријан и Ибра, но е малку веројатно, дека Донарума може да се најде меѓу Ѓаволите.

Интересно, италијанските медиуми не го споменуваат Челси, но ни Пари Сен Жермен, клубови кои на себе може да си го дозволат ова момче.

Ако не го продолжи договорот со Милан до јуни, Донарума секако ќе биде една од жешките приказни на летото.

Било како било, тој би потпишал на четири години, бидејќи Раиола смета дека ако остане во Милан, за неколку сезони треба да тргне понатака.