Не е само Хесе промашување на ПСЖ – Го платија 35 милиони евра, а го продаваат после шест месеци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ ова лето не се прослави со изборот на засилувања.

Унаи Емери го презеде ПСЖ, остана без Златан Ибрахимовиќ, а како главни засилувања ги доведе Хесе и Грегорж Криховиак, тие требаше да имаат важни улоги во тимот на ПСЖ оваа сезона, но тоа не се случи.

Хесе и официјално е на излезни врти од ПСЖ. Клубот и официјално соопшти дека шпанецот може да си замине, а како фаворит за негово доведување е Лас Палмас. Тој трансфер сигурно ќе се реализира во овој преоден рок, а многу лесно би можел да замине и Грегорш Криховјак.

Тој е скапо платен, но не се адаптира во ПСЖ. Има одиграно 10 првенствени натпревари, а парижаните сакаат да го продадат и да ги вратат вложените пари.

За Криховиак се заинтересирани Манчестер Сити и Арсенал.