„Не се гледам во Реал Мадрид“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Веќе некое време во медиумите како наредна аквизација на Реал Мадрид се споменува белгискиот голман Тибо Куртоа.

Тренерот на кралскиот клуб како приоритет во ова лето го одреди доведувањето на Куртоа, меѓутоа се чини дека белгискиот репрезентативец не е заинтересиран за трансфер.

Во текот на разговорот за Кадена Сер изјави дека е задоволен со животот во Лондон и така стави крај на шпекулациите.

„Не се гледам во Реал Мадрид. Мојата иднина е овде, во Лондон. Го почитувам Челси, клуб кој пред шест години ја препозна мојата игра во Белгија и ми даде шанса да потпиша за нив“, изјави 24-годишниот Куртоа.