„Не сме фаворити!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Реал, Зидан пред натпреварот во ½-финале во ЛШ против Атлетико Мадрид смета дека неговата екипа не е фаворит во ½-финале и дека шансите се 50:50.

Првиот дуел се игра вечерва.

„Не сме фаворити, шансите се 50:50 како и секогаш. Добро се познаваме и ништо ново не може да се измисли. Атлетико никогаш не се предава, тие секогаш се борат до крај и знаат да го извлечат максимумот од себе.“

Реал во вечерашниот натпревар ќе игра без Бејл и Пепе. Бејл ќе биде заменет од Родригез.

„Тој игра многу добро со отсуството на Бејл, прави се што барам од него. Му помагаше на тимот во претходните натпревари и така ќе биде и денес.“

Атлетико и Реал ќе играат 4-ти пат во ЛШ. Тие 2 тимови во претходните 3 години дури 2 пати играа во финалето, а Реал победуваше 2 пати.

„Тоа не значи ништо. Сите се наострени и подготвени.“