Некогаш ѕвезда на Арсенал, а денес бездомник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тажна приказна за поранешниот фудбалер на Арсенал, Кени Сансом денес ја потресе англиската јавност.

Сансом во дресот на Арсенал одигра повеќе од 300 натпревари, а со многу успех играше и за репрезентацијата на Англија од 1979-та до 1988-ма година.

Сепак после завршувањето на кариерата овој сегашен 58-годишник денес е заборавен т.е се бори да преживее.

Поранешниот фудбалер на Арсенал после завршувањето на кариерата почна да пие и да се коцка што му го уништи животот.

Сансом имаше се што еден фудбалер можеше да посака, но изгуби се и денес е бездомник.

Тој живее на улиците на Лондон и спие на клупите во парковите.

Сансом и денес има големи проблеми со алкохолот, сите пари што ќе ги заработи ги троши на тоа.

„Арсенал со години се обидува да ми помогне, но јас сум својот најголем непријател и не можам да се вратам во нормала. Сите пари што ќе ги заработам ги трошам на алкохол. Шест пати бев на лечење од алкохолот, но не сакам да престанам бидејќи го сакам тоа“, изјави Сансом.