Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Хамилтон изјави дека некој не сака да ја освои титулата и побара одговори од својот тим за проблемот со моторот.
Хамилтон беше на патот до победа на „Сепанг“, но на 15 кругови пред крајот му се запали моторот, а тоа му овозможи на Розберг да ја зголеми предноста во генералниот пласман на 5 трки пред крајот.
Розберг низ целта помина како 3-то пласиран, бидејќи по контактот со Фетел се изврте на патеката, но сега има 23 бодови повеќе од Хамилтон.
На трката за ГН на Малезија победи Рикардо со Ред Бул, пред својот колега Ферстапен.
Хамилтон по откажувањето изјави дека му е тешко да прифати дека тој е единствен возач на Мерцедес кој има проблеми со моторот.
„Мое прашање е за Мерцедес, бидејќи изгубивме многу мотори. Мерцедес има 8 возачи на кои им обезбедува мотори, а само моите се расипуваат. Некој мора да ми одговори, бидејќи ова е неприфатливо. Нешто или некој не сака да ја освојам титулата оваа сезона.“
„Тоа беше нов мотор, една трка поминав со него. Бев 3-то место, возев во квалификациите, од 3 кои имам на располагање, тој е најнов. Се е ова чудно, од 43 мотори на Мерцедес, само моите се расипуваат.“
Хамилтон нема победа од ГН на Германија, по која имаше 19 бодови предност во однос на Розберг, кој сега има 23 бодови повеќе.
„Таква е ситуацијата, одиме понатаму, мораме да се обидеме да возиме како овој викенд. Во овој момент не знам како мојот болид се ќе издржи. Во наредните 5 трки знам дека можеме, а тука мислам и на своите инжинери и механичари. Но кој знае што може да се случи со наредните мотори. Се надевам на најдоброто.“