Нема бело знаменце во таборот на „Ѓаволите“: Иако половина се неизвесни, одиме во Ливерпул по победа..


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во недела го игра големото дерби на „Енфилд“ против Ливерпул.

„Црвените ѓаволи“ се аутсајдери против лидерот на табелата кој игра навистина фантастично оваа сезона, а Жозе Мурињо нема намера да паркира автобус како што го правеше тоа во минатото.

Сега сака да слави против Ливерпул и тоа јасно го најави.

„Ќе се обидам, ќе се обидам, секогаш се обидувам да победам“, истакна Мурињо на отворањето на прес конференцијата и продолжи:

„Знам дека играме против лидерот, но и ние сме квалитетни и покрај сите проблеми. Ќе одиме со играчите кои ги имаме и ќе се бориме да победиме“, истакна Мурињо.

Антони Марсијал, Лук Шо, Антонио Валенсија, Крис Смолинг, Скот МекТоминај, Диого Далот, Матео Дармијан и Маркос Рохо се под знак прашалник за мечот против „Црвените“.

„Никој од нив вчера не тренираше, а денес ќе има мал обид. Се надевам дека можеме да ги водедеме малку утре за да ги имаме на располагање. Се надевам дека барем некој ќе може да игра“, истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед.