Нема повеќе дилеми: Модриќ со порака на Инстаграм ги израдува навивачите на Реал  (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ подоцна се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид бидејќи имаше продолжен одмор поради настапите со Хрватска на Мундијалот во Русија.

Навивачите на Реал веќе две недели се во страв затоа што се шпекулираше дека ќе останат без Хрватот и дека неговите агенти преговараат со Интер.

Но, според објавата на Модриќ на Инстаграм за поразот од Атлетико Мадрид (2-4), може да се заклучи дека Хрватот ќе остане во Мадрид.


„Тежок пораз, но еден неуспех не го дефинира тимот. Време е да се кренеме и да продолжиме како во минатото“, напиша Модриќ.

Модриќ на Инстаграм има повеќе од 14 милиони фанови, а набрзо неговата објава премина над 330.000 лајкови.