Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
По воведниот натпревар помеѓу Стоук и Лестер кој заврши без победник, но со четири постигнати гола, во вториот термин од Премиер лигата беа одиграни уште четири натпревари и на нив видовме исто голови колку на мечот од Британиа стадионот.
Хадерсфилд славеше на гостувањето против ВБА со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Ван ла Паре кој постигна одличен гол од 25 метри.
Свонси уште еднаш остана со празни раце. Овој пат од Велс со трите поени си заминува Брајтон кој преку погодокот на Мареј стигна до важна победа.
Саутемптон загуби на домашен терен од Барнли исто така со минимален резултат. Сем Воукс со глава во 81. минута од натпреварот го реши победникот.
Екипата на Њукасл беше поразена со 1:0, а единствениот погодок падна во 92. минута кога Кук го совлада Роб Елиот по одлично изведениот корнер на Енди Сурман.