Нејмар на медицински прегледи во Катар


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона не се вратил од Мајами заедно со тимот по завршувањето на предесзонските натпревари.

Бразилецот заминал за Кина каде ќе има обврски околу рекламирање на спонзорите, а веднаш потоа ќе оди во Катар за да се сретне со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келафи.

Катарскиот весник „Ал Ватан“ објави дека 25 годишниот фудбалер во следните денови ќе пристигне во Аспетар медицинскиот центар за да ги изврши медицинските прегледи.

Информацијата ја потврди и новинарот на „Скај Спортс“ Брајан Свансон. „Нејмар ќе има медицински прегледи со ПСЖ во Доха откако ќе завршат промотивните настани во Кина? Има смисла, но договорот се уште не е постигнат. Сепак шансите за реализација на трансферот сега се и над 90 проценти“- напиша на Твитер новинарот на „Скај Спортс“.