„Ништо страшно, немавме среќа“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Арсенал доживеа уште една бламажа, овој пат на гостувањето кај Кристал Палас, каде што е поразен со резултат 3:0.

После натпреварот на прашањата од новинарите одговараше Венгер кој веќе одамна се наоѓа во незавидна ситуација.

На прашањето да го искоментира овој катастрофален резултат и играта, Венгер делуваше доста смирено, и додаде дека поразот не е ништо страшно.

„Направивме доста опасни ситуации. Во одбраната бевме доста отворени, а во нападот не успеавме да искористиме шанси. Мислам дека првото полувреме беше израмнето. Во второто тргнаа нешто подобро од нас, кај вториот погодок немавме среќа, а третиот беше од пенал, тоа ја уби нашата игра“, изјави тренерот на Арсенал.

Венгер призна дека неговата екипа немаше одговор на одличниот Бентеке, но и смета дека не може многу да направи кога Билгиецот има свој ден.

„Одигра многу добар натпревар, тоа би било проблем за било која екипа“, рече Венгер.

„Се чинеше дека беше доста одличен во дуелите, но мислам дека добро ја држевме топката и имавме доста повеќе посед, тие едноставно беа посилни во дуелите“.

„Знам дека ова е многу тежок пораз, ќе има последици на нашите шанси да завршиме меѓу првите четири екипи. Мораме да сфатиме дека навивачите се несреќни. Нормално дека секој пораз ме загрижува, не се навикнавме на вакви резултати“.

„Мислам дека ваквата игра нема ништо со ситуацијата и шпекулациите околу мојата иднина, а по повод тоа прашање нема ништо да кажам“, рече за крај Венгер.