Нов Видиќ на Олд Трафорд?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличните игри кои српскиот фудбалер Никола Миленковиќ ги прикажува во Серија А не му поминаа незабележано на Жозе Мурињо.

Трансферот од Партизан во Фиорентина за Миленковиќ (21) се покажа како одличен потег во неговата кариера. Освен што е во тимот од Фиренца неизоставен дел од првата постава , полека станува еден од најдобрите дефанзифци во Серија А, па по тоа не не изненадува и што на него ,,око фрлил”
и Манчестер Јунајтед.

Мурињо имал прилика и на дело да го види Миленковиќ во Подгорица на натпреварот меѓу Црна Гора и Србија и бил навистина задоволен од играта на Миленковиќ, а за тоа пишуваше и Скај Спортс.

Овој угледен медиум објави дека Црвените Ѓаволи сакаат да го донесат Миленковиќ уште во јануари, а доколку не успеат сега, тогаш на крајот на сезоната.

Не е познато колку е спремен Манчестер Јунајтед да издвои за трансфер на овој фудбалер, но јасно е дека англискиот тим мора да го одвзре ќесето. Не многу одамна Виолетовите одбија понуда од 40 милиони евра.
Освен Манчестер Јунајтед за купување на Миленковиќ се интересираат и Челзи и Јувентус.