Нов рекорд на Меси, го надмина Роналдо!

Не се ни сомневавме, после ваква голеада, барем еден рекорд мораше да биде соборен.

Барса вечерва на својот „Ноу Камп“ ја демолираше екипата на Селтик, ги испратија со седум топки во мрежата (7:0), а од тие три беа дело на Лео Меси.

Овој е негов најнов хет-трик му е веќе шести во Лигата на шампионите, по што стана единствен во историјата на ова натпреварување.

Меси така му побегна на Роналдо, кој има пет хет-трикови во ЛШ, а кои се следни позади нив двајцата, погледнете во прилог.