Нова одлична вечер за Харден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хјустон беше поуспешен од Кливленд Кавалерс во дербито минатата ноќ со 117:113, а најзаслужен за победата беше Џејмс Харден кој имаше трипл-дабл учинок.

Со тоа „Брадата“ стигна до својот 33. трипл-дабл учинок во кариерата, втор оваа сезона. Харден натпреварот го заврши со 35 поени надополнети со 11 скокови и 1 асистенции.

Хјустон ја имаше победата во раце затоа што пред крајот на натпреварот водеше со 111:98, но Кливленд со серија од 13:1 во последните 90 секунди го намали резултатот на само еден поен разлика. Сепак, тогаш се покажа Клинт Капела кој постигна кош по кој дополнително слободно фрлање кое го искористи. Во последниот напад на Кливленд младиот центар го блокираше ЛеБрон со што ја обезбеди победата за својот тим.

Капела натпреварот го заврши со 19 поени, 13 скокови и четири блокади и беше еден од најзабележителните играчи на теренот.

Кливленд така претрпе пораз на шестиот од последните осум натпревари, а Леброн Џејмс повторно не можеше сам да го носи товарот на тимот (33 поени, седум асистенции).

Во Лоша серија е и тимот на Оклахома кој го забележа четвртиот пораз по ред. Овој пат од Оклахома поуспешни беа кошаркарите на Денвер Нагетс  со 102:94. Јасно е дека ќе им треба повеќе време на Вестбрук, Ентони и Џорџ за да се уиграат и во овој момент се уште нема место за паника.

Емануел Мудиај со 21 поен беше предводник на Денвер во оваа победа, додека Милсап натпреварот го заврши со 17 постигнати кошеви на кои додаде седум скокови. Кармело Ентони со 28 коша беше предводник на Оклахома Тандер.

Резултати:

Вашингтон- ЛА Лејкерс 111:95

Торонто- Њу Орлеанс 122:118

Хјустон- Кливленд 117:113

Сакраменто- Филаделфија 109:108

Денвер- Оклахома 102:94