Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Англија се сомневаат во фер-плејот на тренерот на Ливерпул.
Изминатото коло во Премиер лигата го одбележаа во суштина киксови на водечките екипи, пред се поразот на Манчестер Сити во Њукасл.
Ливерпул, кој играше ден подоцна, секако по својот веќе пробам рецепт не ја искористи оваа можност, па одиграа 1:1 со непријатниот Лестер на „Енфилд“.
Меѓутоа, она што на сите им влезе во око особено на секогаш аналитички настроените Британци, е тоа што во второто полувреме само еден шеснаестерец исчистен од снег, и тоа тој каде „Црвените“ напаѓаа.
Набрзо по „Spygate“ случајот на Марсело Бијелс ја добија и аферата „Snowgate“ која Клоп мораше да ја прокоментира.
„Сите ја видоа ситуацијата, уште на загревањето почна да паѓа снег. Во првото полувреме имавме посед на топка 80%, такашто снегот најмногу ни попречи нам“.
Британците го пренесоа својот сомнеж во фер-плејот на Германецот, бидејќи беше исчистен само казнениот простор каде беа „Лисиците“ во второто полувреме.
„Нашиот персонал се обиде да исчисти, но едноставно не беше доволно. Никогаш не славам кога другиот тим ќе загуби. Секако дека не им реков на луѓето да исчистат само една половина од теренот. Следниот пат кога ќе не затекне ваква состојба ќе имаме доволно луѓе да го исчистат цел терен“, заврши Клоп.