Нови главоболки за „Росонерите“: Стигнува нова казна од УЕФА?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европската фудбалска унија, УЕФА би можела да го казни италијански Милан со 20 милиони евра поради кршење на правилата на финансискиот фер плеј, пренесоа денес италијанските медиуми.

Исто така, Милан би можело да биде забрането да ги регистрира играчите во јануарскиот преоден рок.

Италијанскиот клуб поради кршење на правилата за финансиски фер плеј, според кои клубовите не смеат да потрошат повеќе отколку што заработиле, им беше забрането да учествуваат во Лига Европа, но Милан сепак се натпреварува, откако Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата.

ЦАС пресуди Милан да се врати во натпреваруваеето, но предметот е вратен за УЕФА да воведе пропорционална казна.

Како што се наведува, клубот делот од казната ќе може веднаш да го плати, додека остатокот ќе биде суспендиран во склад со ограничувањата на финансискиот фер плеј.

Тие казни се однесуваата на претходните прекршоци, а Милан ќе мора да постигне договор за израмнувањето со телото за финансиска контрола на клубовите во УЕФА.