Ново изненадувачко име на листата на Барселона, две звучни имиња нема да го превземат тимот!

Недела за најважната одлука на Барселона пред наредната сезона.

Според медиумите, поранешниот играч на Барселона Хуан Антонио е кандидат за клупата на Барселона.

Тој со селекцијата на Чиле пред две години ја освои Копа Америка, а претходно во Европа работеше само во Валенсија во сезоната 2013/14.

Во Барселона како играч помина 2 години, од 1996 до 1998 година, па би можело да се каже дека го познава тимот.

Медиумите и понатаму во прв план го ставаат Валверде од Атлетик Билбао и помошниот тренер Унце.

Покрај тоа, важно е да се спомене дека меѓу кандидатите се Куман и Сакристан, како и Оскар Гарсија.

Тренерот на Салзбург е дете на „Ла Масија“, започна да игра во тимот, а играше за Б тимот и потоа 6 сезони помина како првотимец.

Роден е во 1973-та година, а како тренер има работено во Вотфорд, Брајтон и Макаби Тел Авив.