Објавени номинациите за најдобрите играчи во Светот, нема место за една супер ѕвезда

Од Меѓународната куќа на фудбалот (ФИФА) ги објавија десетте кандидати кои се номинирани за наградата најдобар светски играч.

Популарната награда „The Best“ ќе се доделува трета година по ред, а во првите две години истата ја добиваше Кристијано Роналдо.

Португалецот повторно е во конкуренција за истата, а оваа година ривали ќе му бидат Ентоан Гризман, Кевин Де Брајн, Еден Азар, Хари Кејн ,Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Мо Салах и Рафаел Варан.

Изненадување е што во номинациите го нема најскапиот фудбалер на светот, Нејмар. Според букмејкерите Роналдо повторно е фаворит, но оваа година има сериозна конкуренција во најдобриот играч на Светското првенство, Лука Модриќ, како и во најдобриот млад играч на Мундијалот, Килијан Мбапе.